December 3, 2023

Речиси никој од пријателите на момчето не дошол на неговиот роденден, па пожарникарите решиле да го изненадат со нешто што никогаш нема да го заборави.

Се што сака 7-годишниот Доминик Гиатрас за својот роденден е голема роденденска забава на која ќе бидат сите негови пријатели.

Тој покани дури 20 од нив и едвај го дочека тој ден бидејќи неговите родители резервираа соба за игри во американскиот град Плејнфилд на неколку часа.

Норин Метсон беше жената која беше задолжена на влезот да провери кој влегува и дали има покана за роденденската забава на Доминик.

Срцето и се скрши кога виде дека само една другарка дошла за роденден на момчето. Знаеше дека мора да направи нешто.

Видела дека во ходникот сè уште има родители од последната забава што била резервирана во истата сала.

Познавала една од жените чиј сопруг бил пожарникар, па и паднала на памет интересна идеја: Сакала да покани пожарникари на роденденската забава на момчето. Тоа се случи. Кога слушнале што се случило, пожарникарите знаеле дека мора да дојдат.

Доминик беше воодушевен. Кога пристигнале, момчето скокнало од возбуда, а следните неколку часа ги поминало играјќи си со пожарникарите, а тие го повикале во противпожарното возило да прегледа се што го интересира.

Роденденската забава на момчето била спасена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *