
Триша Марфи, самохрана мајка на четири деца, од Мејн, едвај врзува крај со крај.
Освен што работи во старечки дом и полага испити за да стане професионална негувателка, таа дополнително работи и како келнерка.




„Работам во просек од 50 до 60 часа неделно и поминувам уште 18 часа на курсот“, вели таа.
Минатата недела беше особено стресна за неа бидејќи освен што не можеше да направи божиќен шопинг, и се расипа автомобилот и не знаеше како да најде 735 долари за поправка.




Додека таа размислувала што да прави за време на смената во ресторанот, тројца мажи седнале на масата, а еден постојано ја прашувал кои се нејзините планови за Божиќ.




Таа им кажа дека има четири деца кои со нетрпение ги очекуваат празниците. Кога дошло време за наплата, таа останала во шок.




Мажите и оставиле бакшиш од 500 долари, што е 15 пати повеќе од износот на сметката.
Најпрво мислев дека е грешка, а потоа неможев да ги задржам солзите. Еден од нив само се насмевна и рече „Среќен Божиќ, мила““, рече Триша, која целата приказна ја сподели преку Фејсбук.




„Сега тие пари можам да ги вложам во поправки на автомобилот, а со заработката од оваа недела можам да купам подароци за децата. Не треба да бидам под стрес дали можам да си го дозволам Божиќ, а не мора ни да правам дополнителни смени за да можам да поминувам повеќе време со нив.




Го спаси Божиќ за моите деца. Сè уште има добри луѓе во светот. Овој човек никогаш порано не ме видел, не знае ништо за мене и направи нешто толку дарежливо “, рече Триша.