December 10, 2023

Кафето само по себе е добар сојузник во слабеењето, но може да биде уште подобро.
Кафето ќе го забрза вашиот метаболизам , а ако редовно вежбате и се храните правилно, многу брзо ќе го доведете до совршенство.

Нутриционистката Лиза Ричардс нагласува дека најдобро е да се држиме до обичното, црно кафе без додавање млеко и шеќер, бидејќи на тој начин внесуваме непотребни калории. Таа исто така советува еднаш дневно да додавате малку цимет во кафето.

Таа со личен пример утврдила колку е моќно кафето во комбинација со цимет. Имено, секое утро таа додавала по една кафена лажичка од овој зачин во својот омилен пијалок. За еден месец забележала значителна разлика во тежината.

Таа успеа да ослабе 4 килограми и да се ослободи од салото кое со години го имаше на стомакот.
„Циметот ја стимулира термогенезата во телото“, објаснува Ричардс и на тој начин доведува до топење на мастите.

“Тоа е процес на загревање на телото и може да доведе до тоа да согоруваме повеќе калории. Покрај тоа, циметот е природна опција за стимулирање на термогенезата и секако е подобар избор од разни додатоци кои можат да го направат истото”, објаснува таа.

Напоменува и дека ова не е волшебна напивка и дека резултатите нема да бидат видливи без корекција на исхраната и воведување физичка активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *