December 10, 2023

Сцена како на снимање акционен филм затекнале жителите на кинескиот град Чонгуо, кои биле изненадени кога виделе десетици ноеви како трчаат низ градските улици и автопатот.

Имено, како што објасни сопственикот на локалната фарма за ноеви, околу 100 птици побегнале откако некој ја оставил вратата отворена.

Птиците уживаа во својата слобода, но локалната полиција доби работа да ги „уапси бегалците“.
Во инцидентот нема повредени, иако некои велат дека средбата со ноевите од 100 килограми не е најпријатното искуство.

Ној или гајгур — голема безлетна птица по потекло од Африка (а одамна од Средниот Исток). Тој е единствен преживеан примерок од неговата семејството на ноевите и родот ној.

Ноевите припаѓаат на редот ноевидните заедно со ему, киви и други. Препознатлив е по појавата, долг врат и нозе, можност да трча и до 74 км/ч, најбрза птица на планетата. Најголема птица и ги несе најголемите јајца.

Снимките од необични сцени направени од изненадените локални жители веднаш станаа вирални на социјалните мрежи, пренесува RT.

Во продолжение погледнете го видеото:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *