December 3, 2023

За половина минута можете да проверите дали треба да одите на лекар или не
Срцевите проблеми не секогаш доаѓаат со јасни предупредувачки знаци. И иако е клучно да одите на редовни прегледи, дома можете да направите одличен тест кој ја открива состојбата на вашето срце.

Еден трик може да ви помогне да добиете идеја како функционира вашето срце, а „Bright Side“ открива дека тоа е едноставен трик кој ќе ви го покаже здравјето на вашето срце за само 30 секунди.

  • Еве што треба да направите:

Првиот чекор земете поголем сад, кој може да ги држите двете раце и наполнете го со ладна вода. За подобри резултати, додадете малку мраз.

Вториот чекор, ставете ги рацете во садот и држете ги точно 30 секунди. Ова ќе ви помогне да знаете како крвта ќе реагира кога ќе дојде во контакт со ледената вода.

Ако сте направиле се како што треба, сега е време да ја проверите состојбата на вашето срце. Ова се два можни резултати.

  • 1. Прстите се црвени

Ако прстите ви се црвени, тоа е добар резултат. Тоа значи дека немате проблеми поврзани со оксигенација во крвта. Срцето и циркулацијата на крвта ви се во ред.

  • 2. Прстите станаа бледи или темно сини

Доколку прстите ви станале бледи или поплавени, постои можност да имате проблеми со циркулацијата на крвта. Ова се случува затоа што вашите крвни зрнца имаат ниско ниво на кислород или затоа што имате проблем со пренесување на кислород низ крвотокот.

Во овој случај, можете да се обидете да го загреете или масирате пределот на раката за да се врати во нормална боја. Ако тоа не се случи брзо, задолжително посетете лекар.

Особено ако за време на тестот почувствувате отежнато дишење, болка во главата или градите, потење, вкочанетост во рамената, нозете, рацете, прстите или петите, вртоглавица, тоа е знак дека треба да направите итен преглед.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *