June 19, 2024

Британската компанија “Engineered Arts” објавила уште едно видео од својот хуманоиден робот Амека, кој неодамна станал познат по тоа што покажува најточни човечки изрази.

Додека претходното видео прикажало како роботот се буди од длабок сон, новото видео го прикажува целосно буден, но во еден момент дури и очигледно “се навредува” поради инвазијата во личниот простор.

Хуманоидниот робот прво ги следи движењата со рака кои пред неговото лице ги прави инженерката,

а потоа се мурти и со израз на незадоволство ја фаќа инженерката за рака и ја трга од своето лице. Со тоа покажал уште една човечка особина, а тоа е реакција при нарушување на личниот простор.

“Ова дури и почнува да не плаши”, напишале во описот на видеото.

Амека за очи има камери со висока резолуција со кои ја скенира својата околина и реагира во склад со неа, а може да се смее, рутински да трепка, да трепери од шок, да се чешка по нос и друго.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *