
Растенијата во затворен простор не само што додаваат удобност и топлина во вашиот дом, туку и ја зголемуваат концентрацијата на кислород во просторијата.




За жал, се случува растението да почне да венее од необјасниви причини. За ова можат да придонесат малите штетници, мушичките, кои тешко се гледаат со голо око.




За среќа, постои еден едноставен трик кој ви овозможува брзо да се ослободите од малите инсекти во саксиите. Потребни ви се само неколку обични кибритчиња.




Едноставно, забодете ги со главата во земјата на растојание од 5 см од работ на саксијата и полевајте го цвеќето. По 2 дена заменете ги кибритчињата со нови, и после 2 дена мушичките ќе исчезнат.




Од сега па натаму, собните билки не мора да ги полевате со инсектициди.
Фосфорот и сулфурот, кои ги има во црвениот дел на кибритчето, продираат во почвата и го ослободуваат растението од непоканетите гости.