
Денеска одекна веста дека легендарната актерка и комичарка Бети Вајт починала неколку недели пред својот 100-ти роденден. Таа со години ја забавуваше публиката со своите улоги, но и со своите изјави.




Една од пионерките на телевизијата, може да се пофали со најдолгата ТВ кариера во историјата. Има 77 годишен стаж, а најпозната е по улогата на Роуз Ниланд во серијата „Златните девојки“ и онаа на Елка Островски во серијата „Лудница во Кливленд“.




Но, на јавноста секогаш ѝ бил поинтересен нејзиниот приватен живот и животните мудрости кои несебично ги споделува. Бети се мажеше три пати, а откако последниот сопруг, Ален Луден почина во 1981 година, веќе не се омажи. Гостувајќи кај Лери Кинг, на прашањето зошто веќе не се омажила, таа одговори: „Еднаш кога си го имал најдобриот, што повеќе ти треба?“
На прашањето, кога ќе оди во пензија, таа велеше: „Сакам да работам и ќе престанам дури кога ќе престанат да ме прашуваат“. Бети велеше дека има тајна формула на долговечноста и дека е само благословена со добро здравје. Таа никогаш не ги кршела своите правила: спиеше по осум часа, никогаш не појадуваше, а за ручек понекогаш јадеше сендивич.




За вечера, Бети обавезно пиеше чаша водка во мраз, а друштво ѝ правел нејзиниот миленик.
Некои од омилените мудрости на Бети се следниве:




Уживајте во животот, концентрирајте се на позитивните работи.
Сѐ уште се радувам кога ќе видам вистински џентлмен кој ми ја отвара вратата.
Не сум добра готвачка. Во кујната одам само кога треба да си го наранам кучето.




Ми велат дека Фејсбук е одлична можност да се поврзам со старите пријатели. Во моите години, да се поврзам со старите пријатели ќе ми треба плоча за викање духови.




Не сакам пластична хирургија. Некогаш среќавам стари пријатели, па не можам да ги препознаам од пластиката, ги познавам само по гласот.




Секогаш сум сакала постари мажи од мене. Во моиве години, искрено, ги нема многу.
Мој совет? Спијте барем осум часа за убавина. Девет ако сте грди.