May 17, 2024

Научните студии открија дека постои врска помеѓу внесот на ориз и смртноста од кардиоваскуларни болести, поради што луѓето се повеќе се интересираат за тоа како да се спречи прекумерното внесување арсен од оризот.

Оризот е една од најконзумираните намирници во светот и инаку е многу здрав бидејќи содржи многу хранливи материи. Но, во однос на другите намирници содржи и многу високо ниво на арсен, а поради една грешка во начинот на подготовка станува вистински оtрoв.

Научните студии открија дека постои врска помеѓу внесот на ориз и смртноста од кардиоваскуларни болести, поради што луѓето се повеќе се интересираат за тоа како да се спречи прекумерното внесување на арсен од оризот.

Научниците го истражувале и анализирале најдобриот начин за подготовка, односно како да се ослободите од арсенот, но не и од хранливите материи.

Според нивните наоди, најдоброто нешто што можете да направите е да ставите вода и ориз во сад во сооднос четири спрема еден. Прво налијте вода, па кога ќе зоврие додадете го оризот и варете околу пет минути.

Многу е важно после тоа да се истури оваа вода, бидејќи содржи голем дел од арсен, а потоа да се прелива со нова вода, така што односот на водата и оризот е два спрема еден. Гответе на тивок оган додека не испари поголемиот дел од водата.

Експертите тврдат дека истурањето на првата вода за време на готвењето е многу важно бидејќи на тој начин од интеграл се извлекуваат околу 54 отсто арсен, а од белиот ориз 73 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *