
Прерано стареење на организмот и развој на многу болести, според истражувањата, се резултат на недоволно внесување на магнезиум.




Кога на телото му недостасува овој минерал, постои ризик од срцев удар и мозочен удар . Оваа супстанца игра важна улога во телото.




Врз основа на студиите, научниците откриле дека здравствените нарушувања во повеќето случаи се предизвикани од недоволно внесување на магнезиум преку исхраната.




Кога телото го нема во доволни количини, имунитетот слабее, а тоа е погодна почва за развој на многу болести. Од друга страна, правилната исхрана помага во одржување на добро здравје и долговечност.




Еве ги основните принципи на исхрана за долговечност: Покрај внесувањето доволно магнезиум, внимавајте да ја прочистите исхраната и да елиминирате одредени намирници. Најпрво, ослободете се од преработениот шеќер, производите од бело брашно, но и намалете го внесот на масно месо.




Наместо тоа, исхраната треба да се заснова на внес на житарки, мешунки и јаткасти плодови. Сите тие се богати со магнезиум.




Воведувањето на свеж зелен зеленчук и билки е задолжително. Млечните производи најдобро е да се сведат на минимум.
Исхраната богата со магнезиум е особено погодна за луѓе по 50-годишна возраст, тврдат експертите.