December 3, 2023

РЕЦЕПТ – Пита со јаболка – готова за 20 минути, се приготвува со готови кори. Многу вкусна пита со фил од јаболка и гриз. Потребни состојки: 500 г тенки кори, 1,5 кг јаболка, 600 г + неколку лажици шеќер, 700 мл вода, 1 ванилин шеќер, 100 г путер, малку масло, 3 лажици гриз и по желба ореви, цимет, суво грозје.

Постапка за приготвување на сирупот (се приготвува неколку часа претходно за да има време да се олади): 600 г шеќер растопете во 700 мл вода и ставете на оган да зоврие. Ставете го и ванилин шеќерот, па готовиот сируп тргнете го на страна да излади. Растопете 100 г путер и во него додајте неколку лажици масло.

Јаболката излупете ги и изрендајте ги, па додајте неколку лажици шеќер и 3 лажици гриз, за да го впијат вишокот сок. По желба, во филот можете да додадете цимет, суво грозје и ореви. По две кори спојувајте, премачкувајте ги со путер и масло, па филувајте со јаболка.

Филот се нанесува само на еден дел на почетокот, па потоа се витка во ролатот. Испланирајте да ви остане доволно фил за сите кори (пребројте ги корите, а потоа колку ролати ќе имате, на толку делови поелете го филот). Свитканите кори редете ги во плех.

Кога сите ќе ги наредите, исечете ги со остар нож на парчиња со големина по ваша желба, одозгора полијте ги со малку масло и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени додека да заруменат. Врелата пита прелијте ја со ладен сируп.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *