June 19, 2024

Жена од Нов Зеланд како дете вдишала играчка. Беше исплашена, па не кажала никому. 37 години подоцна отишла на операција поради болки и сфатила во што е проблемот …

Мери Мекарти (45) со години се жалела на болки во носот. Носот постојано и течел, па отишла на лекар. Во нејзиниот нос пронашле играчка која била таму цели 37 години, пренесува Мирор.

Ја вдишала како дете, на осум години. Се плашела да и каже на мајка си и играчката и останала во носот. Сега моралае да се оперира бидејќи не можеле да ја извлечат играчката. Морале да и дадат и општа анестезија.

Точно се сеќавам кога го вдишав. Се плашев што ќе ми каже мајка ми. Имав проблеми со дишењето со години, но не знаев дека тоа е поради тоа, изјавила таа за Mirror.

Кога се разбудила, лекарите и покажале што проголтала. Мал пластичен круг. Дури не ја ни загубил ни бојата, рекол еден од хирурзите. Имаше калцификација околу него и веројатно затоа носот ми растеше, додала Мери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *