May 13, 2024

За само неколку минути вратете го стариот сјај на вашиот прибор за јадење

Премногу различни средства за чистење, особено оние што содржат агресивни хемикалии, може сериозно да го оштетат приборот за јадење.

За да го избегнете ова, ви носиме совети за чистење на прибор за јадење, користејќи само природни состојки.
Едно од одличните природни решенија за чистење на приборот е комбинација од топла вода и јаболков оцет.

Во поголем сад наполнет со топла вода, додадете неколку лажици оцет и во него потопете го приборот за јадење што сакате да го исчистите.

Оставете го приборот во садот околу 20 минути, а потоа само лесно истријте го со сунѓерче. Само внимавајте да не претерате со оцетот за да не ги оштетите сребрените садови.

Сода бикарбоната е едно од најприродните средства за чистење на природна база, не ги оштетува садовите, а сепак делува ефикасно.

Во добро загреаната вода додадете неколку лажици сода бикарбона и лесно ставете го приборот за јадење во добиената течност. Нечистотијата треба да омекне, а потоа само лесно истријте ја со помош на стара четка за заби.

Овој прибор за јадење ќе го врати сјајот со оваа постапка и ќе изгледа како да го користите за прв пат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *