June 25, 2024

Британец по една деценија брак е во вистинска агонија бидејќи неговата сопруга ги „укинала“ сите форми на интимност.

Јас имам 38, а таа 36. Во брак сме 10 години и имаме три деца. Пред свадбата имавме одличен и редовен сеkсуален живот.

Не крие ни колку не поднесува да ја допрам. Не можам да ја бакнам, а камоли да ја галам. Да ме смири, понекогаш водиме љубов набрзина и толку.

Нема емоции и желби, се чувствувам како да водам љубов со робот. Искрено, таа никогаш не била премногу нежна. Иако сакам да се гушкам и бакнувам, тоа ја нервира.

Единствените моменти кога сакаше да водиме љубов беа кога сакавме деца, а тоа ми го призна во една прилика – наведува тој.

Се на се, се сомневам дека за 10 години брак сме воделе љубов повеќе од 12, 13 пати. И покрај се, ја сакам најмногу на светот, а таа вели дека истото го чувствува и за мене. Сепак, не можам да ја намалам својата огорченост, бидејќи чувствувам дека ни е одземен голем дел од заедничкиот живот – искрен е Англичанецот.

Одговор на терапевтот: Само вашата сопруга ја знае вистинската причина за нејзиниот незаинтересираност. Прашајте ја зошто не сака да има врска со вас и објаснете ѝ дека за вас интимноста е најважниот дел од среќната врска.

Дали таа ужива во сеkсот со вас? Ако одговорот е не, замолете ја да ви објасни што сака и што сака да направите за неа.

Или таа е незадоволна од некој друг аспект од вашата врска?

Можеби е под стрес или депресија, што многу влијае на либидото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *