
Дивата малка Има кратка муцка и кратки уши. Меѓу острите заби се издвојуваат острите долги песјаци. Телото е покрено со густо сиво-кафеаво крзно со напречни темни шарки. На кратката дебела опашка има црни прстени и црн врв.




На предните нозе има пет прста, а на задните четири, што се одоздола секогаш црни. На прстите има канџи кои може да ги вовлекува. Градите и стомакот имаат побледа еднолична боја.




Мажјакот е поголем и израснува до 90 cm во должина, од што опашката зафаќа околу 37 cm, а е тежок до 15 кг. Живее во во шуми со шумски чистини.




Активна е и ноќе. Лови приквечер или в зори. Внимателна е, добро трча и се качува по дрвја. Лови жив плен – зајци, птици, глувци.При крајот на пролетта окотува до 4 младенчиња во засолниште меѓу камења или во шупливо стебло, ретко во грмушки.




Мачките не биле скриени, но зимскиот пејзаж ги камуфлирал до тој степен што можат да се забележат само со повнимателна проверка, пренесува Independent.




Тие се сметаат за предатори. Тие се двојно поголеми од домашните мачки и живеат и се шират низ Северна Америка.
Во оваа слика од округот Линколн има две диви мачки! Можете ли да ги најдете и двете?




Дивите мачки се лукави ловци и мал плен ќе чекаат неподвижни, а потоа ќе се нафрлаат.
Дали успеавте да ги најдете?
Едната стои на мразот втората дрвото.