February 26, 2024

Поранешна вработена во хотел Џенеса Ричард од Канада на својот профил на ТикТок открила некои помалку убави работи кои се случуваат во хотелите.

Таа споменала дека сето ова што го кажува е исклучително нејзино искуство и дека не мора да значи дека во сите хотели го прават истото.

Никогаш, ама никогаш не одете боси по тепихот
Поради тоа што теписите се чистат меѓу смената на гостите, таа открила дека ретко ги перат и чистат длабински.

„А, кога ќе кажам ретко мислам можеби еднаш годишно… Поради тоа секогаш носете чорапи“, вели таа.

Доколку го пропуштите појадокот, можете да барате „to go“ пакет Доколку појадокот е вклучен во вашиот престој, а одите пред време на појадок или пак сте задоцниле, може да ги замолите да ви го спакуваат во пакет „to go“.

Секогаш резервирајте директно преку хотелот
Нејзиниот најдобар совет е собата во хотелот да ја резервирате директно преку хотелот.

„Доколку резервирате преку трети страници на интернет, вашата соба и типот на собата не се загарантирани“, објаснила таа.

Немојте да пиете од хотелските чаши „Иако изгледаат чисто, често не ги менуваме меѓу смената на гости“, вели таа, па додава:

„Доколку е видливо дека се користени, ќе бидат исчистени или заменети со чисти, но доколку изгледаат како да не се допрени, ќе ги оставиме за следните гости“.

Не ги менуваат ролните тоалетна хартија „Доколку тоалетната хартија останала на ролната, ќе ја оставиме таму и ќе ја свиткаме до крај за да изгледа убаво“, вели Џенеса.

Поголем дел од хотелите не ги перат јорганите и перниците „Ги перат можеби еднаш годишно, што е навистина страшно“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *