April 10, 2024

Да не беше кучето, денес немаше да го има нивното бебе. Миленичето по име Хенри се прикраде до креветчето на бебето и почна да лае толку многу што неговите родители не знаеја како да го смират. Беа толку лути нивното бебе да не се разбуди. Сепак, тоа и го спаси животот.

Кели Ендру од Хартворт во американската сојузна држава Конектикат на својот Твитер профил објави дека нејзиното милениче кучето Хенри го спасило животот на нејзиното бебе.

Иако таа и нејзиниот сопруг беа многу лути што кучето постојано лае и го буди бебето, тие не сфатија дека кучето всушност чувствува дека бебето дише се помалку и помалку, дека неговиот живот е во опасност и дека кучето всушност се обидува да ја врати на свест.

Тие ја поминаа цела ноќ во болница, а Кели само се прашуваше: „Што ќе се случеше ако кучето не го разбудеше нејзиното бебе?“.

Синоќа кучето дојде во креветчето и го разбуди бебето.Таа беше болна, а мене кучето ми беше ‘преку глава’.Се додека не престана да дише.Цела ноќ ја поминавме во болница.Не знам што ќе се случеше ако не се разбудеше. Не заслужуваме кучиња“, напиша преплашената мајка на Твитер.

Таа во коментарите понатаму им се заблагодари на сите за бројните пораки за поддршка и истакна дека бебето сега се чувствува многу подобро, но заедно со фотографијата јавно го пофали и храбриот миленик Хенри.

Ви благодарам на сите за убавите желби. Бебето е подобро денес, а ние сме дома со Хенри, кој храбро ја издржа цела ноќ, иако се плаши од темнината.

Кели на крајот им се заблагодари на персоналот во локалната болница во Хартфорд кои се однесуваа како „вистински херои“.

„Би сакала да му се заблагодарам на одделот за итни случаи на детската болница бидејќи тие се вистински херои. Ноќ по ноќ, пациент по пациент… Тие работат напорно над сите граници и тоа може да се види“, рече таа.

Голем број од нејзините придружници споделија фотографии од нивните кучиња со цел на одреден начин да му оддадат почит на храбриот Хенри кој го спаси животот на бебето на неговите сопственици.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *