December 3, 2023

Келнерка од Арканзас, која добила бакшиш од 4.400 долари од група клиенти, добила отказ откако менаџерот на ресторанот ја принудил да го подели бакшишот со другите вработени.

Грант Вајс, кој е сопственик на локална агенција за недвижности, приредил клубска вечера од 100 долари во барот Бентонвил, а сите негови гости се согласиле да донираат по 100 долари.

Вајс изјавил за локалната станица KNWA дека и дал бакшиш на шокираната келнерка Рајан Брант да го сподели со другата келнерка која ги послужила.

Вајс исто така рекол дека претходно проверил во ресторанот каква е политиката на куќата и дека добил потврда дека персоналот не е должен да споделува бакшиш со другите.

И покрај тоа, менаџерот на ресторанот и наредил на Брант да го сподели бакшишот со останатите вработени.

„Ми рекоа да ги предадам сите пари на менаџерот на смената и да задржам 20 отсто“, рече ТВ Фокс 59 Брант, додавајќи дека во текот на три и пол години што работела во ресторанот, никогаш не делела бакшиш со други.

Брант, која студира шпански на Универзитетот во Арканзас, изјавила дека е „скршена“ затоа што морала да се откаже од толку голем бакшиш и дека со тие пари планирала да плати некои студентски долгови.

Неколку дена подоцна, Вајс дознал дека Брант добила отказ бидејќи ги „прекршила“ правилата на ресторанот, кажувајќи каква е нивната политика во однос на бакшишот.

Вајс го основал „клубот од 100 долари“ за време на пандемијата бидејќи, како што изјавил за локалните медиуми, познавал многу келнери и келнерки кои едвај врзуваат крај со крај поради Ковид и на овој начин сакал да им помогне.

Го избрал ресторанот „Oven аnd Tap“ бидејќи е еден од омилените ресторани на неговата сопруга, а пред да ја организира вечерата проверил дали бакшишот се дели или останува во рацете на келнерот кој ги послужува. Кога му потврдиле дека бакшишот не се дели меѓу персоналот, Вајс организирал вечера.

Кога дознал дека е отпуштена, Вајс организирал кампања за собирање средства за Брант за да може да се снајде додека не најде друга работа, што успеала да го направи многу брзо.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *