
Кој ќе ги прифати овие зборови ќе најде среќа
Астрологот Наталија Милахова ја открива тајната на успехот на секој хороскопски знак . Од овие зборови и мантри се водите со цел следната година да биде успешна, а вие да блеснете на секое поле.




Време е да фрлите се од што се плашите и да почнете да ги остварувате вашите соништа. Кога ќе чкрипе, повторете ги овие мантри . Овие моќни зборови ќе ви дадат сила да продолжите кога ќе се откажете и ќе се сомневате во себе.
Овен “Оваа година ќе научам дека не е можно да контролирам сè во животот. Тоа ќе ми овозможи да се опуштам и да достигнам ниво на смиреност. Се радувам на новите предизвици кои ќе ги искористам во моја корист”.




Бик „Ќе си дозволам да се соочам со емоциите што ги потиснав. Ова ќе ми овозможи да го вратам чувството на мир што го изгубив“.




Близнаци „Подготвен сум да направам чекор напред и да излезам од мојата комфорна зона без разлика каков ќе биде исходот. Повеќе не се плашам од неуспех.




Рак „Отворен сум за нови предизвици и можности. Повеќе не се плашам од ништо. Мислењата на другите луѓе не можат да ме повредат“.




Лав „Ќе се ослободам од негативните енергии и ќе се трудам во луѓето да го гледам само доброто. Мојот фокус ќе биде на постигнување цели кои се важни за животот.




Девица „Ќе почнам да им верувам на моите инстинкти , бидејќи тие се непогрешливи. Моите внатрешни чувства никогаш нема да ме изневерат. Отсега натаму, се потпирам единствено на себе“.




Вага „Повеќе нема да се држам до некои работи од страв од промени. Верувам дека луѓето кои треба да бидат во мојот живот ќе останат таму, никогаш нема да држам никого против неговата волја.




Шкорпија „Нема да барам вина за моите неуспеси во другите луѓе и нема да се оптоварувам со работи од минатото. Тие имаат место таму. Подготвен сум за нови животни авантури .




Стрелец „Ќе ги искористам сите тешкотии со кои се соочувам за личен развој и напредок. Повеќе не се повлекувам пред какви било проблеми.




Јарец „Ќе ги задоволам сите мои потреби кои се оставени во втор план. Им простувам на сите што ме повредиле, на моето срце му давам шанса да дише, а на моите чувства простор.




Водолија “Ќе се држам настрана од местата кои ми предизвикуваат непријатност и сеќавања на грди денови. Ќе се ослободам од тензијата што ме мачи и храбро ќе одам напред кон своите цели за кои со години собирам храброст. Моето време има да дојди.”




Риба „Дојде време да ја создадам иднината што отсекогаш сум ја сакал за себе. Време е да бидам она што сум без двоумење и страв од тоа што ќе кажат другите.