June 19, 2024

Врсничкото насилство е проблем во училиштата ширум светот. Насилниците преку послабите се обидуваат да изградат „репутација“ на опасни.

На социјалните мрежи се појави вирално видео на кое се гледа како еден насилник напаѓа девојка, но набргу зажалува што се обидел.

На снимка од средното училиште Сонома Вели во Калифорнија се гледа како една девојка брутално претепува момче кое се обидело да ја малтретира.

Таа веќе шест години тренирала ММА, па решила да реагира, бидејќи доволно била малтретирана. Таа се соочила со насилникот кој ја навредувал и ја поливал со вода, го соборила на земја и неколку пати го удрила со коленото. Насилникот останал на подот.

Ваквите сцени не се пожелни во училишниот двор, но покажуваат дека е можно да се одбраните од насилниците.

https://twitter.com/i/status/1439376055224225797

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *