
ЕДЕН кинески уметник во рамките на својот перформанс и граѓански протест фрли 1.000 зрна ориз од чисто злато во знак на протест поради несовесното трошење храна во светот.




Бројни земји ширум светот се соочуваат со недостиг на храна, а еден од најголемите проблеми на современото општество е секако фрлањето храна.




Огромен број луѓе секојдневно гладуваат со надеж дека брзо ќе го добијат следниот оброк, додека еден дел од светот неволно ја фрла храната.




Многу луѓе ширум светот протестираат против овие промени со јавни протести, кампањи за подигање на свеста. Кинескиот уметник реши на свој начин да привлече внимание на овој проблем и да и даде нова димензија на приказната.




Младиот кинески перформанс уметник, Јанг Јексин, во Шангај, фрли 1.000 златни зрна ориз во реката Хуангпу, градската канализација, кантите за ѓубре и тревата. Коментирајќи го својот потег, во објава на социјалната мрежа Веибо, тој рече:




Фрлањето обични работи веќе не го буди јавниот интерес. Само екстремните можат да ги натераат луѓето да сфатат колку е сериозен проблемот, што ќе ги доведе до промена на начинот на размислување и однесување.




Не можеме да го сфатиме отпадот толку сериозно колку што треба, додека не го однесеме до крајност. Фрлањето храна не се разликува од фрлањето злато. Златото е дел од земјината кора, додека фрлањето на варен ориз е закана за нашата околина – тврди Џексин.




Направен од 500 грама чисто злато, оризот што го фрлил уметникот го чинел неверојатни 35.700 долари, додека во согласност со вистинската големина на зрното ориз, бил произведен од локален златар.
Снимката од потфатот на Јанг брзо стана вирална и предизвика големо незадоволство, што навистина го изненади уметникот.
#WorldFoodDay on Oct. 16th.
A Shanghai artist , Yang Yexin, thrown 1000 grains of #Golden rice, into the Huangpu River and different places of the city to criticize #foodwaste. pic.twitter.com/FYlwEgDLSS— Tong Bingxue 仝冰雪 (@tongbingxue) October 15, 2021