December 10, 2023

Се вратив од Германија ненајавено, сакав да ја изненадам девојка ми. Купив прстен од 300 евра во Германија, сакав конечно да се збогувам со ергенскиот живот, бидејќи, како што велат, „успеав“, конечно имав работа, плата со која можам да обезбедам се, стан, автомобил, патување.

Пристигнав околу 2 часот по полноќ, бидејќи го имам клучот од нејзиниот стан, полека влегов, за да не ја разбудам, но … штом влегов од спалната соба, слушнав чудни звуци. Најлошото ми помина низ глава, но се тешев дека не е таа.

Ја отворив вратата и ја видов девојката и нејзиниот најдобар „пријател“ на креветот. За секунда ми се сруши животот … Се свртев и излегов … Го оставив нејзиниот прстен на масата во кујната како спомен за мене и за она што можеше да го има.

Поминаа 5-6 дена и болката стануваше се поголема, не можам да го поднесам ова, милион мисли ми минуваат низ глава. Бевме во врска 4 години, јас сепак ја сакам. Се двоумам дали да и простам?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *