December 10, 2023

Секојдневните работи што ги правиме можат да влијаат на тоа како се чувствуваме.
Важно е како го започнувате денот, кои се малите ритуали кои ве прават среќни , но и што правите секоја вечер пред спиење.

Студијата во која учествувале дури 2.000 возрасни лица покажала дека дури 42 отсто од нив секојдневно практикуваат одредени ритуали кои ги прават среќни и здрави .

Тие вклучуваат подготовка и пиење шолја чај или кафе во исто време од денот, што е наречено „врховен ритуал“ за одржување на смиреност и концентрација.

Други се потпираат на одвојување време за медитирање, гледајќи низ прозорецот во далечината за да си дадат минута да се релаксираат. Исто така, се покажа дека 51 отсто од нив усвоиле повеќе ритуали во последните 18 месеци за време на пандемијата.

Од тоа, 15 отсто од нив го одредиле денот кога целото семејство ќе биде заедно, за да поминат квалитетно време заедно поради напорниот распоред

Психологот Мер Арол истакна: Многу од нашите секојдневни навики добија ново значење за време на пандемијата и станаа ценети ритуали.

Дури и наједноставниот ритуал – подготовката на шолја кафе, може да ви помогне да го надминете стресот и да бидете во сегашниот момент.

„Многу од нас штотуку доживеаја високи нивоа на стрес и анксиозност во текот на долг временски период, не само додека се справуваме со грижата предизвикана од пандемијата, туку и додека се прилагодуваме на ограничувањата што го менуваат нашиот секојдневен начин на живот“

Повеќе од една петтина (21 отсто) од нив изјавиле дека нивните секојдневни навики и ритуали им помагаат да се справат со стресот, а 19 отсто од нив ги користат за подобрување на расположението.

Менталното здравје, парите и обврските се исто така дел од областите со кои луѓето тешко се справуваат. Но, 77 отсто од луѓето признале дека не се сигурни како да добијат контрола над овие области од нивниот живот.

Вообичаените практики кои рутински се спроведуваа со години, сега се трансформираа со ново значење и станаа ритуали на здравје и благосостојба – рече Арол.
Ова покажува како најтешките времиња можат да ни овозможат да развиеме важни стратегии за справување што можеме да ги користиме во секојдневниот живот, кои работат на зголемување на менталната сила и заштита на физичкото здравје.

Топ 10 ритуали кои луѓето ги користат секој ден за да го опуштат своето тело и ум и полесно да се справат со стресот:
Пиење шолја чај или кафе во исто време секој ден. Напишете листа на задачи за да бидете во тек со вашите задачи.

Слушање музика за ослободување од стресот. Читање пред спиење за да се опуштите. Преоблечете се во удобна облека после работа.

Поминување време во природа.Нема гледање во електронски уреди за време на ручекот. Палење свеќи за релаксација.
Шетање на кучето наутро или навечер.Подгответе облека за следниот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *