June 22, 2024

Недостатокот на сон може да не забави и да не направи целосно неспособни да функционираме на дневна основа.

Несоницата го забрзува процесот на стареење, создава желба за калорична храна, создава стрес, нервоза, ја намалува толеранцијата на болка.

Млекото отсекогаш било докажан пијалок кој ги смирува умот и телото. Постојат различни начини да се подготви со други состојки за полесен сон, а може да се користат и билни верзии на млеко.

Млекото е едно од оние природни помагала за помирни ноќи, а потекнува од старата ајурведска традиција.

Најдоброто нешто за млекото е тоа што не мора строго да го следите рецептот. Изберете го млекото по ваш избор, но не заборавајте дека млекото од соја има повеќе магнезиум од кравјото млеко, а повисоките нивоа на магнезиум во телото ви помагаат полесно да заспиете.

Додадете босилек, куркума и малку мед. Испијте шолја од ова топло магично млеко кое ќе ве опушти, па брзо ќе заспиете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *