April 12, 2024

Овој трик ќе придонесе и текстурата на палачинките да биде многу убава, воздушна и со многу мали дупчиња.
Ако додадете малку пиво во смесата за палачинки, професионалните готвачи гарантираат дека ќе бидете воодушевени.

Пивото всушност го подобрува ефектот на прашокот за пециво во смесата, односно придонесува палачинките при печењето малку да нараснат, но одвнатре да останат меки и воздушни.

Пивото создава јаглерод диоксид и на тој начин делува како природно средство за нараснување, притоа правејќи го тестото лабаво и исклучително фино, така што практично се топи во устата.

Овој трик ќе придонесе и текстурата на палачинките да биде многу убава, воздушна и со многу мали дупчиња.
Можете да користите секаков вид пиво, но имајте на ум дека видот на пиво ќе влијае и на тоа дали палачинките имаат повеќе или помалку сладок вкус. Готвачите генерално препорачуваат тоа да биде лесно пиво.

Што се однесува до количината на пиво, тоа исто така треба да биде произволно, односно зависи од тоа колку млеко ќе ставите во смесата. Сепак, најчестиот совет е овој сооднос да биде 50:50, односно една чаша пиво оди за една чаша млеко.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *