May 23, 2024

Нејзиното чело и целата глава на фотографијата од пасошот се толку издолжени што речиси воопшто не личи на себе.
Колку и да се трудиме да изгледаме убаво на официјалните фотографии за пасош , лична карта или некој друг документ, тоа најчесто не е така. Сепак, сè уште не сте виделе што се случило со оваа жена!

Челзи Рамос (27) од Остин, САД се подготвува да замине на патување во Германија со своето момче, што и двајцата ги возбуди многу.

Пред тоа морала да оди и да си го земе пасошот, а потоа се случило нешто што не можела да го замисли ниту во нејзините најлудите соништа.

Нејзиното чело и целата глава на фотографијата од пасошот се толку издолжени што речиси воопшто не личи на себе, а откако Челзи го објави на мрежите стана хит.

И додека луѓето се забавуваат и умираат од смеење поради оваа нејзина фотографија, Челзи инсистирала фотографијата повторно да се направи и успеала.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *