May 18, 2024

Еленот е силно и големо животно. Мажјаците се поголеми од женките, а на главите имаат големи, широко разгранети рогови. Роговите што по правило ги има само мажјакот, почнуваат да му растат 8-10 месеци по раѓањето и најпрво му се развива основата таканаречена рожиште.

Првите рогови почнуваат да му растат дури од половината на втората календарска година и имаат облик на шило.

Роговите на еленот редовно му паѓаат кон крајот на февруари или во почетокот на март, а до јули му се развиваат нови уште посилни рогови. Влакното на еленот е кусо, лете е со црвенкасто-кафеавкаста боја, а зиме станува сиво-кафеаво.

Елените живееат во листопадните шуми, во рамнини и во планински предели. Воглавно се ноќни животни, кои дење се одмараат во засолништа. Кошутите се собираат во крда кои ги предводи доминантната женка.

Мажјаците се собираат во помали групи, освен во текот на есенската сезона на парење, кога се самостајни и се борат за женките.

Му се приближил на огромниот елен, па научил добра животна лекција

Колку и да ги предупредуваат туристите, секогаш се наоѓа некој „паметен“ меѓу нив… Погледнете го видеото!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *