May 23, 2024

Сопругата на Сет одеднаш почна да се задржува подолго надвор и се почесто не се враќаше дома до утрото. Таа ги смени лозинките на социјалните мрежи и го уверуваше дека е „заглавена со пријателите“

Сет Мегов (33) од Валдоста во САД, светот во миг му се сруши. Сè во што веруваше беше расфрлано како песок од ветрот. Сфатил дека неговото идилично семејство е само лага.
Имено, една вечер видел вклучен компјутер со отворен Фејсбук профил на неговата сопруга Криси. Нешто не му даде мир и тој тргна да ги провери нејзините пораки. Она што го нашол таму не го очекувал ниту во најтемното сценарио – сопругата го изневерувала, но не со еден маж, туку со неколку од нив.

Пред очи му летна нивниот десетгодишен брак, раѓањето на четири деца… Се сети како осум години живееле убав семеен живот, биле среќни, барем така нему му изгледало. Сепак, во последните две години, Криси повеќе не изгледаше како жената каква што беше. Комуникацијата меѓу нив исчезна, таа остануваше надвор подолго и подолго, понекогаш не доаѓаше дома цела ноќ.

Меѓу пораките на Фејсбук се најдоа и оние со кои тој сфатил дека се гледа со маж веќе една година. Тој беше скршен. Своето непријатно искуство го опиша на блогот Love What Matters.
Јас сум само момче кое десет години е во брак со најдобрата пријателка и кој дозна дека го изневерува со повеќе мажи. Тоа доведе до крајот на нашиот брак. Имаме осум убави години зад нас и две кои беа како пекол – напиша тој.

Тој се обидуваше да открие зошто го изневерува, па дури ги најде причините во тоа што таа боледуваше од постпородилна депресија и почна со некои благи зависности, не спомна дали станува збор за алкохол или полесни супстанци . Се сети како се запознале.

Имавме мирна врска исполнета со радост и доверба. Се заљубивме и се венчавме кога имавме само 19 години. Заедно поминавме низ факултет, одевме во авантури, волонтиравме заедно… Имавме четири прекрасни деца, купивме куќа, имавме исклучително здрава физичка интимност. Се поддржувавме во соништата – рече тој.

По осум години и четири деца; Стиви, Нил, Титус и Олив, почнав да чувствувам дека нешто не е во ред. Отпрвин верував дека тоа е поради стресот на работа, многу деца и нов дом. Се обидов да седнам и да разговарам со неа, но беше исклучително тешко. Се прашував каде оди ноќе, но таа избегнуваше да одговори – продолжи тој.

Почнала, како што вели, да останува подолго надвор, а потоа се почесто не се враќала дома до утрото. Таа ги смени лозинките на социјалните мрежи. Таа го увери дека „заглавувала со пријателите“.

Таа се обиде да си ги покрие трагите. Дома го заклучуваше мобилниот телефон, ги плаќаше работите во готово за да не ја следат прељубата врз основа на извештај од банката. Признавам, разумот ми кажа дека нешто не е во ред, но тогаш сепак имав доверба во неа. Срцето некако ми рече дека не ме изневерува и да паничам за џабе. Но, не беше така – рече тој.

Вели дека најмногу го заболило кога сфатил дека со љубовникот со кој билаа во врска една година, не само поради секс, туку и поради тоа што се заљубила во него.

Таа му го даде своето срце, тоа најмногу ме болеше. Кога само ќе се сетам колку ѝ верував и се трудев да и го олеснам животот. Станував ноќе и ги држев нашите бебиња на градите, а потоа ги држев да ждригнат и повторно ги заспивав. Се погрижив да одмара. Се чувствувам предаден и скршен – се присети тој.

Ми кажа дека сум добар човек, но дека таа е таа што се променила. Ми рече да ја пуштам да продолжи со животот и ме советува да го сторам истото. Сега моите деца се приоритет во мојот живот – додаде тој.

Неговата сега поранешна сопруга го променила статусот на Фејсбук и сега изјавува дека е во врска со жена, пренесува Дејли Мејл.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *