May 13, 2024

Многумина не се ни свесни колку е штетен по здравјето
Од покачен холестерол страдаат сè поголем број на луѓе, а сè почест е и меѓу помладата популација.

Разни фактори придонесуваат за појавата на овој здравствен проблем. Покрај генетиката, тука е и начинот на живот. Консумирањето алкохол, цигари, шеќер и генерално лошата исхрана, влијаат негативно.
Затоа, неопходно е да се внимава на тоа која храна ја внесуваме во организмот. Еден вид храна може поволно да влијае, дури и да го регулира нивото на холестерол, додека друга храна може да ја предизвика оваа здравствена состојба.

Експертите се согласуваат во едно нешто: ова е најлошиот производ што можете да го консумирате и пожелно би било да го сведете на минимум. Станува збор за црвено месо!
„Црвеното месо е особено лошо за покачениот холестерол“, вели професорот по нутриционизам на Универзитетот на Хаваи, Џинан Бана.

„Содржи заситени масти и холестерол, кои кога се консумираат заедно и во поголеми количини, можат да го покачат нивото на холестерол.

Тоа, исто така, го зголемува и ризикот од кардиоваскуларни болести“, појаснува тој.
Консумирањето намирници богати со заситени масти го поттикнува телото да произведува ЛДЛ, односно лош холестерол во крвта, што како последица доведува до покачен холестерол. Заситените масти, инаку, природно се наоѓаат во многу намирници, дури и во оние од растително потекло, но примарно се наоѓаат во производите од месо.

Поради тоа, се смета дека намаленото внесување масно месо може да придонесе за регулација на нивото на холестерол. Според резултатите од истражување од 2020 година, намаленото консумирање заситени масти не само што помага во снижувањето на нивото на холестерол, туку и го намалува ризикот од кардиоваскуларни проблеми за 17 отсто.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *