June 25, 2024

Иако се малку застапени, корнишоните на пазарот се доста барани и добро се платени. За почеток ќе ви требаат 750 евра за инвестирање и земјиште, а заработката ќе биде три пати поголема.

Доколку имате желба да започнете нов сопствен бизнис, а немате илјадници евра на сметка, топло ви го препорачуваме овој бизнис, кој е доста исплатлив.

Србите имаат позитивни искуства затоа што нивните корнишони завршуваат на германскиот пазар.
Расадувањето се врши околу 15 мај, а за еден месец веќе има корнишони за берба.

ДОВОЛНО Е САМО ДВОРНО ЗЕМЈИШТЕ? Тие советуваат и дека овој производ може да се произведува дома. Доволно е да имате некој поголем двор каде што можете да направите пластеник за одгледување на зеленчук. Високата цена на производот ќе ви обезбеди поврат на сите направени инвестиции.

На 200 квадрати може да се обезедат над 1 тон корнишони што е всушност приход од 500-600 евра месечно. Ефектот е поголем доколку се здружат поголем број на луѓе и произведуваат заедно. Со инвестиција од 15.000 евра може да се прошири производството и профитот да се зголеми за 4-5 пати!

Ако се работи на површина која е доволно голема за да може да ја работи едно семејство, без ангажирање на работници, тогаш заработката е добра и не е за потценување. Затоа започнете со малку и полека развивајте го вашиот бизнис. Ќе бидете повеќе од задоволни!

Корнишоните кај нас најчесто се одгледува во заштитен простор, но понекаде зависно од климатските услови се среќаваат и на отворено.

Многу се осетливи на температурните разлики како во однос на приносот така и во однос на квалитетот на самиот плод. Плодот се користи како во свежа сосотојба така и за киселење или преработка.

Корнишоните се странооплодни растенија, но плодот може да биде формиран и без оплодување (партенокарпни сорти и хибриди). Веќе подолго време се употребуваат партенокарпни хибриди за одледување, со потполно женски цветови, кои се оплодуваат без опрашување од пчели или други сорти на опрашувачи.

При одгледувањето, препорачливо е да има просторна изолација од околу 50-100 м. бидејќи може да дојде до опрашување од страна, кое покасно се одразува на поголем % на деформирани плодови.

Предностите на таквите хибриди се: многу повисоки приноси, порана берба од 7 – 15 денови, сигурност во приносот, поголемо растојание помеѓу периодот на поединечни берби пропратени со повисока продуктивност, – поголема прегледност над растенијата поради помалата лисна површина.

Корнишоните за нивно успешно одгледување бараат топла, водопропустлива и плодна почва богата со хумус.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *