
Наесен, кога дождовите се чести , многумина од нас се враќаат дома со влажни стапала. Понекогаш дождот ве фаќа неподготвени




а не сите чевли се водоотпорни, но одличната вест е што може да биде. Сè што ви треба за да ги направите водоотпорни сите чевли што веќе ги имате дома!




За да ги заштитите чевлите, а со тоа и стапалата од дожд, потребен ви е восок, а можете да користите и свеќа која секако ја имате дома.




Темелно тријте ги чевлите со восок или свеќа, внимавајќи да го покриете секое парче од обувката. И не грижете се дека чевлите во таа прилика ќе добијат малку поинаква боја, бидејќи нема да останат такви до крај.




Кога ќе ги намачкате чевлите со восок, вклучете го фен и насочете го топлиот воздух во чевлите, додека восокот не се стопи, а тоа ќе го знаете со враќање на чевлите во старата боја.
И така, со малку труд, подготвени сте за секој дожд!