December 10, 2023

Треперењето на очните капаци во медицината се нарекува блефароспазам, а кај народот – играње на очите.

Науката вели дека тоа се почесто се случува поради седење пред компјутер, стрес, недостаток на сон или нервно растројство, додека народното верување тврди дека причината е знак. Треба само правилно да се протолкува.

Различни народи имаат различни верувања кога станува збор за играта со очи, но речиси и да нема луѓе кои не успеале да ја протолкуваат оваа појава. Еве што велат тие зошто тоа се случува.

Кина Во Кина треперењето со левото око се смета за среќа, но ако десното око игра, тогаш тоа е лош знак. Меѓутоа, ако на жената и трепери долниот капак на левото око, тоа значи дека некој ја озборува.

Индија Индијците веруваат дека е лоша среќа ако трепери левото око, а добар знак ако трепери десното око. Значи, сосема спротивно од Кинезите.

Хаваи Се верува дека вибрациите на левото око значи доаѓање на странец во семејството, а ако тоа око игра без престан, тогаш тоа значи распад на семејството.

Балканот, Луѓето од оваа област имаат различни верувања кога станува збор за оваа тема. Има толкувања дека трепкањето со десното око значи дека ќе се оствари она што сте го помислиле во тој момент, додека трепкање на левото око е лош знак.

Во некои делови се верува дека ако жената и трепери левото око, по долго патување повторно ќе го види својот сакан. Веројатно тоа беше добар знак за сите жени кои беа загрижени дали нивните сопрузи ќе се вратат од војната.

На друго место, се верува дека треперењето на горниот очен капак на левото око значи раѓање на машко дете и долната, лоша вест. треперењето на десното око значи радост во семејството, а долниот дел, создавање на ново пријателство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *