December 3, 2023

Ванг Од Огеј стана вистинска интернет сензација откако се појави видео на кое тaa тетовира туристи на Филипините.

Покрај тоа што има многу необичен метод на тетовирање што заинтригира многумина, луѓето се шокирани од информациите за нејзината возраст.

Огеи е најстариот мајстор за тетоважи, или „мамбабаток“ како што го нарекуваат во Калинга, областа каде што живее, а има дури 104 години, пренесува „Унилад“.

За неа тетоважите се симбол на силата, храброста и убавината, а ги прави со стап од дрво „каламанси“, познато и како филипински лимета. Тој прави сè, од многу едноставно, како една буква или број, до покомплицирани, уметнички претстави, но најчесто луѓето бараат некои симболи на природата карактеристични за Филипините.

„Моите тетоважи се пораки од боговите кои не штитат од непријатели и лоша енергија“, рече таа во интервју за Би-Би-Си во кое откри дека член на семејството и помага во работата бидејќи техниката на тетовирање ја пренесуваат исклучиво во семејството.

Таа ја стекна својата сегашна популарност благодарение на една девојка која го сними процесот на тетовирање и го објави на TikTok.

@colekozume

Reply to @manerter32 TW: BLOOD please follow my friend @vrein1 THANK YOU GUYS❤️#whangod#tattoo#kalinga

♬ Every Time Around – Vansire

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *