March 1, 2024

Домашниот леб кој не е тежок за месење е сон на секоја домаќинка. Тестото се замесува лесно и брзо, а потоа само треба да го оставите да одмори.

Премачкајте со ароматичен прелив од маслиново масло , лук, пармезан и магдонос, па печете во рерна. Можете да го јадете со путер или крем сирење . Послужете со јогурт за побогат вкус.

  • Состојки:
  • За тестото:
  • 250 мл топла вода
  • 1 лажичка квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 лажичка сол
  • 25 ml масло
  • 450 гр брашно

За прелив:

  • 50 мл маслиново масло
  • 3 чешниња лук
  • малку сол
  • свеж магдонос
  • 20 гр пармезан

Подготовка: Растворете го квасецот и шеќерот во вода. Потоа додадете сол и масло. Истурете го брашното и замесете тесто.

Покријте и оставете да отстои половина час. Потоа измешајте и формирајте круг. Се ставаат во плех обложен со хартија за печење и се покрива. Оставете да одмори 15 минути.

направете квадрати на лебот. Измешајте маслиново масло, ситно сечканиот лук, солта, сечканиот магдонос и пармезанот. Намачкајте го лебот. Печете на 180 ° C околу 25 минути.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *