May 17, 2024

Кога се преселив од Берлин во Баварија, при пријавување на религија ме прашаа што сум, им одговорив mazedonisch-orthodox (македонска православна црква).

Госпоѓата бара во компјутер, ме заведува како griechiesch-orthodox (грчка православна црква). Веднаш изреагирав дека направила грешка, а таа ми рече – ама немам друг избор во менито, само тоа може да го изберам. Можев да речам, па добро, тоа е реалноста, и да прифатам. Но не! Веднаш поднесов приговор, и после два месеци преписки со закани за тужби за дискриминација, Баварија во сите служби го заведе mazedonisch-orthodox.

Ми стигна писмо од здравственото, во врска со некои услуги од Македонија, каде што беше заведено “nordmazedonische Krankenkasse”, односно северномакедонското здравствено осигурување.

Можев да ја прифатам реалноста, но наместо тоа, повторно почнав со преписки дека документот не го прифаќам, и доколку не се поправат, ќе ги тужам за дискриминација. За два дена стигна ново писмо во кое стоеше “mazedonische Krankenkasse”, односно македонско осигурување.

На мое барање на документ за жителство, си смениле автоматски дека сум бил роден во Republik Nordmazedonien (во северната). Можев да ја прифатам “реалноста”, но не! Повторно приговори дека јас сум роден во Republik MAZEDONIEN, за да после неколку дена го сменат документот.И така.. За тие што прифаќаат наметнати реалности.

п.с.. Борете се во животот за вашите права, инаку ќе мора да живеете во од други наметнати реалности.

п.п.с.. Од политичарите не очекувам да ми кажуваат што било реалност и завршена работа, туку да ми понудат решенија, секако доколку не се согласуваат со таа реалност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *