July 13, 2024

Корисник на ТикТок, Ричард Ланд, објавил видео од кујната на ресторанот „Popeyes“ во Вашингтон на кое се гледаат глувци.

Ланд бил доставувач во тој ресторан, па одлучил да сними што се случува во кујната откако ресторанот престанува да работи.

„Дали сте подготвени за ова?“, прашал Ланд пред да влезе во кујната од ресторанот. Потоа запалил светло и снимил неколку глувци кои трчаат по подот од кујната.

Во еден момент почнал да тропа по кујната за глувците да излезат. На снимката можат да се видат глувците кои трчаат по подот и се качуваат по ѕидовите.

„И натаму сакате да јадете пилешко од Popeyes?“, вели Ланд откако ја свртел камерата кон себе додека разговарал со другиот вработен кој рекол дека во ресторанот видел 15 глувци претходната ноќ. Видеото е прегледано над два милион пати, а луѓето во коментарите го фалат Ланд поради храброста.

„Доколку си видел 15, има 30 кои сигурно не си ги видел“, „Како работниците можат да работат така? Одвратно!“, „Ти благодарам што го објави ова, ти си херој“, „Многу животи спаси со ова видео. Замислете луѓето да јадат храна од таму и да се разболат. Ти благодарам“, се само дел од коментарите на ТикТок.

По објавата на ова видео ресторанот бил затворен од страна на санитарна инспекција.Ситуацијата ја прокоментирале и луѓето од ресторанот за „Inside Edition“:

„Безбедноста на храната и чистотата се приоритет во нашиот ресторан. Ресторанот е привремено затворен, ги преземаме потребните чекори за решавање на проблемот“, изјавил претставник од ресторанот.

https://www.tiktok.com/@blaqazzrick01/video/7017743492482927877?referer_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2F&referer_video_id=7017743492482927877&refer=embed&is_copy_url=0&is_from_webapp=v1&sender_device=pc&sender_web_id=6979192764714485254

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *