April 12, 2024

Додека средувала стари работи во куќата, Британката случајно пронашла дијамант вреден 2,7 милиони долари. На дијамантот од 34-карати ќе биде даден на аукција во Лондон.

Жителка на округот Нортамберленд (на североистокот на Англија) го чистела својот дом кога наишла на сјаен тркалезен камен со големина на паричка од фунта.

Мислела дека се работи за некој вид накит и за малку ќе го фрлела. Меѓутоа, по совет на соседот, жената која сакала да остане анонимна, решила да го однесе во златарницата заедно со други работи што се насобрале по години и години одење на пазари.

Една жена дојде кај нас со торба со накит, имаше работа во градот и реши да застане попатно – се присетува Марк Лејн, вработен во аукциската куќа.

Тоа беше прилично голем камен, поголем од паричка од фунта. Отпрвин мислев дека е цирконија, двоен синтетички дијамант. Го испративме до нашите партнери во Лондон, по што експертите во Антверпен потврдија дека се работи за дијамант од 34 карати – изјави Марк.

Мерењето во карати е поврзано со тежината на каменот: потешките дијаманти имаат поголема вредност. Аукционерот Марк Лејн вели дека бил шокиран од проценката на накитот, пишува Metro news.

Според него, ова е најскапиот дијамант што го држел во рацете. Боја, чистота, големина… Пронаоѓањето на дијамант од 34 карати е нешто навистина необично – додаде тој.

Според експертите, сопственикот на дијамантот не се сеќава од каде дошол.
Често одела на пазари и купувала разни работи, накит… Никогаш не помислила дека тоа може да биде дијамант – вели Марк Лејн.

Скапоцениот камен ќе се најде на аукција на 30 ноември во Лондон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *