
Бразилскиот стоматолог Фелипе Роси (39), освен што отвори хуманитарна организација, заедно со својот тим бесплатно им ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум планетата.




Овој човек е доказ дека секој може да биде суперхерој, без разлика на неговата професија, а како што нагласува, не се важни парите, туку среќата и самодовербата што им ги враќа на луѓето.




Здравите и убави заби не прават да се чувствуваме добро само физички, туку и психички.




Кога имаш убава насмевка и заби, логично е дека самодовербата ќе ти биде поголема – изјавил Фелипе, кој на многумина им предизвикал истовремено солзи и насмевка на лицата.




Фелипе верува дека треба да го посвети својот живот на нешто што е добро за заедницата, а неговата визија го однела надвор од границите на Бразил. Овој стоматолог најчесто ги посетува сиромашните земји,
како Кенија и Мозамбик, каде им помага на луѓето да добијат нова насмевка и не им наплаќа за своите услуги. Бара само едно, а тоа е да ги фотографира.