December 10, 2023

Подготвка на храна во микробранова печка, на секоја домаќинка и ја олеснува работата. Сепак, постојат некои работи кои не смеете никако да ги ставате во неа, за да не предизвикат експлозија, појава на чудни бактерии, оган…

Јајца – Јајцата може да ги ставате во микробранова, само ако претходно се скршени. Ако сакате да подготвите варени јајца, водата од нив ќе се претвори во пареа, па во тој случај ќе пукне.

Хартиени кеси – Ако сте љубители пуканки од микробранова, вестите не се добри. Обичните хартиени кеси не се ништо подобра алтернетива од готови пуканки кои имаат хемикалии. Било каков лепак или боја на кесата, може да испуштат отровна пареа.

Овошје – Исто како јајцата, и овошјето содржат голема количина на вода која може да се претвори во пареа и да се случи силно пукање во печката. Доколку инсистирате на овошје, тогаш исечете го на парчиња.

Смрзнато месо – Микробрановата печка може да биде спас ако е време за подготовка на ручекот, а не сте го одмрзнале месото на време. Но тоа правете го само ако веднаш го подготвувате месото. Во спротивно, избегнувајте.

Храна во пластични садови – пластичните садови и фолии претставуваат очигледен ризик од топење ако предолго се во микробранова. Ако планирате брзински да ја згреете храната, тогаш пласитчниот сад нека нема никаков капак на него. Пластичните садови имаат хемикалии кои може да истечат во вашата храна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *