April 15, 2024

Ако им се верува на стогодишниците од јапонскиот остров Окинава, тајната на долговечноста лежи во гаснењето на сопствената алчност.

Имено, овој остров е дом на најголем број стогодишници, кои тврдат дека тајната на нивниот долг живот е начинот на исхрана.

Никогаш не прејадувајте, ќе речат овие стогодишници, а потоа ќе откријат како се хранат. Покрај потребата да се јаде полека, стомакот според нив треба да се наполни до 80 отсто, но откриваат и зошто. Експертите веруваат дека навистина една од важните алки во нивната долговечност лежи во нивната исхрана и начин на живот.

Имено, како што денес ќе потврдат многу нутриционисти и лекари, кога јадеме брзо, навреме не воочуваме дека сме се ’наситиле’ одамна. Дури подоцна, непријатно чувство во стомакот открива дека сме се предозирале. Ваквиот начин на исхрана, односно прејадувањето тежнее кон дебелеење и низа здравствени проблеми.

Ако, пак, престанете да јадете кога ќе почувствувате дека стомакот ви е речиси полн, за неколку минути ќе почувствувате дека навистина не ви биле потребни последните залаци. За да се чувствувате сити, затоа, потребно е да почекате малку.

Многу експерти тврдат дека само 20 минути откако ќе завршиме со оброкот, мозокот добива сигнал кој ни кажува дека стомакот е полн.

Друг совет кој може да ви помогне со умерена исхрана се и помалите порции кои ќе ги земеме во чинија. Некои дури посегнуваат по помали чинии за да имаат чувство дека јадат „полна“ чинија, поради што имаат чувство дека изеле повеќе, а на овој начин за почеток полесно се бори против вишокот килограми.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *