
Upset senior woman wiping tears with handkerchief
Момчето кое на училиште сите го задеваа поради неговата мајка, по неколку години доби проштално писмо кое денеска кружи на интернет.




„Ја мразев, тоа беше срам за нас. Таа подготвуваше храна за учениците и наставниците во моето училиште. Еден ден мајка ми влезе во училницата да ме поздрави. Подоцна, моите пријатели ме задеваа. Се срамев. Едноставно пропаднав во земја и сакав мајка ми едноставно да исчезне. Кога ја видов пак, и реков дека ме засрами, и дека подобро да ја нема




Мајка ми ништо не одговори, само немо ме погледна. Ниту еден момент не застанав да размислувам за тоа што и кажав, бев толку лут. Бев незаинтересиран за нејзините чувства…




Сакав да заминам од дома и никогаш повеќе да не ја видам. Учев многу и напорно. Така добив можност да одам во Сингапур да студирам. Таму се оженив, купив куќа и имав деца. Бев среќен и задоволен од мојот живот.




Но, еден ден, мајка ми дојде да ме посети. Таа не ме видела со години ниту пак ги видела своите внуци. Таа се појави на вратата. Моите деца почнаа да ја исмејуваат… Јас и викав: „Како се осмелуваш да дојдеш кај мене дома и да ги плашиш моите деца?




Само така си се појавила непоканета.б„Бегај одовде сега!„Мајка ми само тивко одговори: „Извинете, сигурно ја згрешив куќата“ и исчезна“.




По неколку години добив писмо. Бев поканет на годишнината од дипломирањето. Ја излажав сопругата дека морам да одам на службено патување. По прославата, од некоја љубопитност, застанав кај мојот роден град. Кога ме видоа, мештаните ми кажаа дека таа починала. Не пуштив ниту една солза. Ми дадоа писмо за кое ми рекоа дека е од неа…




„Драг мој сине, цело време мислев на тебе. Извини што дојдов кај тебе дома и ги исплашив твоите деца. Мило ми беше што слушнав дека си успеал во животот. Жал ми е што отсекогаш сум ти била товар и срам.




Гледаш, кога беше дете, имаше несреќа каде што изгуби едно око. Како мајка не можев да поднесам да пораснеш без едно око. Лекарите те прегледаа и ми рекоа дека е невозможно некогаш да прогледаш.




Тогаш ти го дадов едното мое око… Се гордеев затоа што мојот син ќе го погледне и гледа светот за мене, со тоа око.
Со љубов, секогаш со тебе,