February 26, 2024

Обвинувањата меѓу Рускоска и Муареми штетно влијаат врз довербата во институциите, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Вака Спасовски ги искоментира тензиите меѓу шефицата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми.

„Ова предизвикува штета на граѓаните заради тоа што вербата во институциите се губи и секој кој носи било каква функција, мора да носи одговорност – етичка, морална….

Не може да се дозволи да се растурат институции од било кого и за тоа треба цврсто да застане секој заради тоа што ако се изгуби вербата во институциите, тогаш е најголемиот проблем.

Така што мора да се размислиме зошто институциите, обвинителство, судство имаат осум отсто доверба“, изјави вечерва Спасовски во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 телевизија.

Муареми најави дека ќе поднесе кривични притив Русковска, обвинителките Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска. Тој обвини дека постапувале неетички и повика ако има докази, Русковска да ги обелодени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *