
Остранувачот на лак за нокти можете да го искористите за различни цели. Иако е пожелна стопостотната ацетонска формула, може да послужат и поблаги верзии. Отстранувач на силен лепак. Ако барем еднаш сте зеле в раце супер лепак, знаете колку лесно може да капне на места на кои не би требало. Но затоа можете да користите ацетон – доволно е да го нанесете на памучно стапче и со него да го пребришете саканото место.




Отстранувач на налепници: Кога отстранувате налепница, остатокот од лепакот пребришете го со ацетон. Можеби нема да успеете да ги извадите сите веднаш, но не откажувајте се.
Средство за чистење на тастатура: Без оглед на тоа колку рацете ви се чисти, на тастатурата секогаш ќе најдете валканици, прашина и бактерии. Стапчето полека топнете го во ацетон и пребришете ја тастатурата.




Остранувач на нечистотија од порцелан: Се обидувате да се отарасите од нечистотиите на порцелан, но се плашите да не ги оштетите своите најомилени садови? Посегнете по отстранувач на лак за нокти, нежно пребришете ја нечистотијата, па исперете со детергент и вода.



