December 10, 2023

Неверојатна сцена пристигна од Канарските Острови – опкружена со море лава по ерупцијата на вулкан на Ла Палма, една куќа останала неоштетена.

Корисниците на социјалните мрежи ја нарекоа „чудо“. Нејзините сопственици, пензионирана данска двојка, која не е на островот, се воодушевени што нивната куќа е сеуште недопрена.

„Почнаа да плачат кога им реков дека нивната сакана куќа е недопрена“, вели Ел Мунду, архитектката на куќата Ада Моникендам.

Чудната куќа се наоѓа во Ел Параис, каде што се уништени повеќе од половина од зградите, како и училиштето.

Двојката ја избрала Ла Палма затоа што им се допаднал вулканскиот пејзаж, изјавила Моникендам, додавајќи дека „и е жал што куќата сега е напуштена и дека нема никој што може да се грижи за неа“.

Вчера, лавата значително го забави својот тек, што предизвика стравувања дека може да се прошири понатаму на островот и да уништи повеќе куќи, наместо да истече во морето.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *