April 16, 2024

Хидратацијата на организмот е неопходна за нашето тело да може да функционира и таа е пресудна за здравјето и животот. Водата е суштински елемент на секоја функција во телото, а кога не консумираме доволно течности, функциите во нашето тело може да бидат побавни и загрозени.

Недоволното консумирање вода често е предизвикувач на болести на бубрезите, мозокот, мускулите и нервниот систем. Водата помага во регулирање на телесната температура и нормално функционирање на зглобовите и коскениот систем.

Освен што е неопходна за здравјето и без неа чистењето, односно детоксикацијата на организмот е невозможна, водата има огромно влијание и врз нашата енергија. Сигурно сте забележале колку ве опушта погледот кон водата додека го набљудувате морето, езерото или реката. Исто така, пливањето ја ублажува напнатоста во мускулите, смирува и ја отстранува негативната енергија.

Според јапонската народна и природна медицина, треба да се напиете една чаша вода веднаш по будењето.

Наутро испијте 4 чаши вода, по 150 милилитри, со пауза од 5-7 минути. Потоа, не јадете или пијте ништо 45 минути, а потоа распоредете околу 2,5 литри вода во текот на денот. Не пијте многу студена или многу топла вода – нејзината температура треба да биде слична на телесната температура.

Во утринската чаша вода можете да додадете малку лимонов сок, доколку немате проблеми со стомакот. Оваа комбинација се има покажано како многу успешна во забрзување на метаболизмот и губење на вишокот килограми.

Според Јапонците, овој метод го ублажува стресот, ги топи маснотиите, ви дава повеќе енергија и го забрзува метаболизмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *